Достапни линкови

logo-print

„Бучко ја плете мрежата околу Бранко“, „Две сценарија за смена на Бранко Црвенковски“, „Пописот се изгуби во прописот“ - дел од насловите во весниците.

Се чини дека кај нас не може ништо да се направи, а да не добие политички димензии, поточно, да не се исполитизира: најновата „закачка“ е пописот што треба да почне на 1 октомври.

„Пописот се изгуби во прописот“ - пишува Утрински за да наведе дека „Само два дена пред пописот прашање е колку се измазнија разликите околу толкувањето на Законот“.
Фракциите од Бихаќка подготвуваат стратегија за смена на лидерот.

Утрински потсетува дека атмосферата се' повеќе се вжештува околу прашањето дали ќе се попишуваат оние што од државава се отсутни повеќе од 12 месеци, или не. Дневник објавува дека „Во државната пописна комисија се кршат копјата за пописот“, а Вечер насловува: „Колку сме, толку сме...!“ и објаснува дека претставниците на албанската и на турската заедница во Комисијата имале посебно толкување на членот 6 од Законот за попис, барајќи да бидат попишани и лица кои се подолго време надвор од Македонија, но во тој период влегле во државата.
Превирањата во СДСМ, тема во медиумите.
x
Превирањата во СДСМ, тема во медиумите.

Друга топ-тема се наводните превирања во СДСМ и обидите на некои поранешни високи функционери да го сменат лидерот Црвенковски. Вечер и Сител ТВ особено предничат во форсирањето на објавувањето на изјавите и колумните на Бучковски и на Спасов: „Бучко ја плете мрежата околу Бранко“, насловува Вечер повторувајќи ги истите прилози од Сител во кои доминира тезата дека Бучковски се залагал за демократизација на партијата и да се сменел начинот на избор на лидерот.
Бучковски го стресе ама не го потресе СДСМ.

„Фракциите од Бихаќка подготвуваат стратегија за смена на лидерот“, објавува Нова Македонија, а Дневник дека постојат „Две сценарија за смена на Бранко Црвенковски“.

„Бучковски го стресе ама не го потресе СДСМ“, насловува Утрински на истата тема, забележувајќи дека Црвенковски ги одмолчува критиките што му ги испраќаат некогашните соработници преку медиумите.

Нова Македонија под наслов „Неексклузивитетот врз името е компромис“ ги објавува толкувањата на експертите дека отсуството на претензии за моноплизирање на терминот Македонија, што премиерот го искажа од говорницата на Обединетите нации било чекор напред за решение на спорот, а Дневник забележува дека во медиумите и во јавноста во Грција изостанале какви и да е коментари по обраќањето на премиерот Груевски, освен насловите дека „Ние сме Македонци“ и наведувањето дека Груевски во говорот ги бранел позициите за „таканаречените прашања за националниот идентитет и името на земјата“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG