Достапни линкови

Назарбаев кандидат за Нобелова награда за мир


Киргистанскиот парламент денеска го поддржа казахстанскиот предлог претседателот Нурсултан Назарбаев да се кандидира за Нобелова Награда за мир. Претседателот на Собранието соопшти дека ќе испратат барање до Нобеловиот комитет да го разгледа предлогот Назарабев да ја добие наградата во идната година. Според пратениците тој треба да се номинира поради неговиот успех да ја ослободи државата од Советската ера на нуклеарно оружје и поради неговите напори за постигнување регионална стабилност во Централна Азија.
XS
SM
MD
LG