Достапни линкови

Косовските власти ќе ги отсрануваат барикадите


Српските барикади во северно Косово ќе бидат отстранети, но косовските институции нема да преземат еднострани дејствувања. Ова денеска го изјави косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи. Toj додаде дека укинувањето на барикадите е неизбежно, бидејќи тие го попречуваат слободното движење на луѓето и стоките. Реџепи изјави дека сите дејствија ќе бидат координирани со силите на НАТО, КФОР и мисијата на Европската унија во Косово, ЕУЛЕКС. Локалните Срби се уште ги блокираат премините Јариње и Барњак во северниот дел на Косово. Меѓународната заедница неколку пати досега повикуваше на воздржување од насилство.
XS
SM
MD
LG