Достапни линкови

Хрватска во декември ќе го потпише договорот за пристапување во ЕУ


Потпаролот на полското претседателство со Европската Унија Конрад Њиклиевич денеска изјави дека Хрватска ќе го потпише договорот за пристапување во Унијата на 19 декември во Варшава. Хрватска на 30 јуни ги заврши пристапните преговори со ЕУ кои стартуваа во 2005-тата година. Таа ќе стане 28-ма земја членка на Унијата на 1-ви јули 2013-та година.
XS
SM
MD
LG