Достапни линкови

Пакистан бара од САД да престане да ги обвинува


Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилиани денеска ги повика Соединетите Држави да престанат да го обвинуваат Исламабад за регионалната нестабилност , откако Вашингтон го засили притисокот врз Пакистан да се бори со милитантите. Гилиани во својот говор пред политичките лидери на земјата изјави дека играта со обвинување треба да престане и пакистанските интереси треба да се почитуваат. Американските власти во неколку наврати до сега го обвинија Исламабад за поврзаност со терористичката организација Хакани за која веруваат дека го извршила нападот врз американската амбасада во Кабул.
XS
SM
MD
LG