Достапни линкови

Европскиот финансиски план помина во германскиот Парламент


Германскиот долен дом на Параламентот денеска го одобри новиот предлог за зголемување на средствата и ингеренциите во Европскиот фонд за стабилизација. Станува збор за фондот со кој ќе им се овозможи спас на земјите кои се влезени во должничка криза. Гласањето во собранието претставуваше тест за канцеларката Ангела Меркел. Пратениците со 523 гласа „за“ го одобрија зголемувањето на фондот. Се очекува в петок горниот дом, Бундесратот да гласа за овие мерки.
Со новиот план се предвидува купување обврзници од земјите кои имаат финансиски потешкотии и позајмување пари на држави пред тие да влезат во целосна финансиска криза. Новиот план треба да го одобрат сите земји членки во еврозоната.
XS
SM
MD
LG