Достапни линкови

Проблематизирање на пописот


На неколку дена пред спроведувањето на пописот, несогласувања околу начинот на попишување на лицата што престојуваат во странство.

Неколку дена пред пописот, во Државната пописна комисија се појавија големи разлики околу начинот на попишување на лицата што престојуваат во странство. Претставници на албанската заедница на седницата побараа да се попишуваат и лицата што во странство престојуваат и повеќе од 12 месеци, доколку во изминатата година барем еднаш престојувале во Македонија.
Тоа нема да менува фактички ништо, сето тоа е дигање на глас мислат дека на тој начин ќе добијат некои изгубени гласови порано или сега.

Приврзаниците на ова барање проценуваат дека нивните колеги од Комисијата не разбираат какви може да бидат последиците на неучество во пописот на оние што се во странство повеќе од една година и истакнуваат дека се прави грешка со провоцирање на меѓуетничките односи. Но, партијата од албанскиот политички блок што е на власт го игнорира ова барање оценувајќи дека не е законско.
Пописот нема да влијае негативно на меѓуетничките односи, а интересите на сите заедници ќе бидат заштитени, сметаат експертите.

Се крева тензија која не e потребна, наместо да заземаат позиција која е во согласност со европските стандарди, коментира професор Сеадин Џафери. Тој истакнува дека бројот на оние што се повеќе од една година надвор од земјава нема да влијае врз вкупниот резултат и ги обвинува политичките партии дека се вмешани во битка за добивање поени:

„Тоа нема да менува фактички ништо, сето тоа е дигање на глас мислат дека на тој начин ќе добијат некои изгубени гласови порано или сега. Mеѓуетничките односи во Македонија ќе останат добри, а единствен параметар што може да ги наруши е взаемното непочитување или непочитување на стандардите и законите.“

Во законот е наведено дека со пописот ќе бидат опфатени лица што имаат место на вообичаено живеење во Македонија, а во време на пописот, но најдолго до 12 месеци (една година) пред неговото спроведување се на работа во странство, како и членовите на нивните домаќинства.
Треба да се придржуваме до правилата кои сме ги донеле, односно кои ги изгласале и македонските и албанските политички партии.

Професор Мирјана Малеска наведува дека со пописот мора да се добијат точни податоци и оти важно е да се почитуваат донесените правила.

„Треба да се придржуваме до правилата кои сме ги донеле, односно кои ги изгласале и македонските и албанските политички партии. Во таа смисла доколу бидеме доследни во примената на законот не би требало негативно да влијае пописот врз меѓуетничките односи.“

Таа истакнува дека во Државната пописна комисија има и претставници на албанската заедница и дека на тој начин ќе бидат заштитени и интересите на албанската етничка заедница.

Сепак, ставот на Абдулменаф Беџети, кој е член на Комисијата, е дека треба да се попишуваат оние што се на привремена работа и повеќе од 12 месеци, но ако во земјава дошле барем еднаш во годината пред да се одржи пописот.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети изјави дека законот мора да се почитува.

„Законот е многу јасен и сите тие што во тек на една година влегле најмалку еднаш во Македонија, а не се тука, се опфатени со целокупната бројка.“

Претседателката на ДПК изјави дека граѓаните што се подолго од една година надвор нема да бидат вметнати во вкупната бројка на население бидејќи тие таму заработуваат трошат и таму плаќаат данок.

Априлскиот попис мораше да биде одложен бидејќи не беше постигната согласност околу составите на попишувачите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG