Достапни линкови

Турскиот премиер Ердоган во посета на Македонија


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган од денска ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Премиерот Никола Груевски ќе го пречека Ердоган на аеродромот Александар Велики, каде ќе се одржи церемонија со највисоки државни и воени почести. Потоа тие во Владата ќе одржат тет-а-тет средба, а предвидени се и официјални разговори на македонската и на турската делегација.
Ердоган ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
XS
SM
MD
LG