Достапни линкови

logo-print

Египетските политички партии ќе ги бојкотираат изборите


Лидерот на Муслиманското Братство, Хамам Саид

Лидерот на Муслиманското Братство, Хамам Саид

Египетските политички партии, меѓу кои и Муслиманското Братство ќе ги бојкотираат изборите кои ќе започнат во ноември, ако војската не го промени изборниот законик. Околу 60 партии и групи го најавија бојкотот во заедничко соопштение.
Тие бараат промена на изборниот зкаоник во кој се забранува политичките партии да се кандидираат за една третина од пратеничките места кои се резервирани за независни кандидати.
Според партиите сегашниот закон може да им овозможи на лицата кои биле дел од режимот на Хосни Мубарак да влезат во Парламентот.
XS
SM
MD
LG