Достапни линкови

Заокружено второто коло од Лигата на Шампионите


Најинтересниот натпревар од синоќа одиграните мечеви од Лигата на шампионите меѓу Валенсија и Челзи заврши нерешено 1-1. Останатите фаворити немаа проблеми против послабите тимови. Барселона со 5-0 славеше против Бате Борисов на гостински терен, Милан со 2-0 против Викторија Плзен, а Арсенал со резултат 2-1 го совлада Олимпијакос. Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите при гостувањето на неговиот АПОЕЛ кај Шахтар од Доњецк, но не доволно за победа, туку само за резултат 1-1. Во другите средби постигнати се следниве резултати:

Баер Леверкузен - Генк 2-0
Олимпик Марсеј - Борусија Дортмунд 3-0
Зенит - Порто 3-1
XS
SM
MD
LG