Достапни линкови

Малцинствата во Албанија ќе го бојкотираат пописот


Претставниците на малцинствата во Албанија соопштија дека ќе го бојкотираат пописот на населението кој почнува на 1-ви октомври. Во заедничкото соопштение што го испратија до меѓународните организации во Тирана е наведено дека сметаат оти овој попис нема за цел реална евидениција на припадниците на малцинствата, туку напротив вештачко прикажување на нивниот број идетично како во времето на комунистичката диктатура. Во продолжение се вели дека тие нема да го признаат резултатот од пописот.
XS
SM
MD
LG