Достапни линкови

logo-print

Хероин запленет во фабрика за лекови во Авганистан


НАТО соопшти дека авганистанските и странските војници во заедничка акција заплениле дрога во вредност од 350 милиони евра во јужниот дел на Авганистан.Во соопштението од ИСАФ мисијата е наведено дека војниците при рација што ја извршиле во фабрика за лекови во провинцијата Хелманд заплениле 100 килограми хероин. Ова е една од најголемите операции што е спроведена во 10 годишната војна во земјата.
XS
SM
MD
LG