Достапни линкови

Пожарите го „запалија“ битолскиот Совет


Противпожарната единица во Битола.

Противпожарната единица во Битола.

Опозицијата и власта во Битола не можеа да се договорат околу итноста на седницата за пожарите во регионот.

Битолскиот Совет не одржа вонредна седница за состојбите со пожарите кои изминатите три месеци изгореа стотици хектари шумска површина во Битолско, а се смета дека биле подметнати. Итна седница бараше опозицијата за да добие информации од надлежните институции државни и локални колкави се штетите, кои се подметнувачите. Не пристигна ни еден податок, па мнозинството советници од владеачката коалиција гласаа дека нема потреба од одржување на седницата. По ова пожарите разгорија и жестока дискусија во Советот, на пати и со лични дисквалификации.
Не можам да разберам како институциите кои се фалат дека работат седум дена по 24 саати, денес немаат информации за пожарите.

„Не можам да разберам како институциите кои се фалат дека работат седум дена по 24 саати, денес немаат информации за пожарите. Јас очекувам дека и градоначалникот ги сака тие информации за да знае зошто беше вака ова лето и зашто имавме еден арсенал на негови изјави кои укажуваа дека нешто се случува од типот на тероризам, подметнувања.“
x

„Локалната самоуправа работи раководена од Совет на Општина Битола. Ние живееме во Македонија не во Америка. Ако Битола има шериф наместо градоначалник па институцијата Совет се става на втор план.“

„Вие сте градоначалник тука, најверодостојниот извор за сите информации околу пожарите. Вие ќе не просветлите, ќе ни кажете и кој ги потпалувал и зошто Битола во последните четири години гори многу повеќе отколку во изминатите сто години“, критикуваа советниците Томе Наумов, Наташа Струмениковска и Златко Ќурчиевски од СДСМ.
Пожарите веќе се минато и нема потреба од итност институциите ќе ја завршат законската основа, ќе достават информации и на една од следните седници ќе разговараме.

Градоначалникот Владимир Талески возврати:

„Ако сте непросветлени тоа е ваш проблем, јас немам таква функција. Повикувањето на итност од страна на опозицијата е чиста манипулација. Пожарите веќе се минато и нема потреба од итност институциите ќе ја завршат законската основа, ќе достават информации и на една од следните седници ќе разговараме“, додаде Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG