Достапни линкови

Прокурдската партија ќе го прекине парламентарниот бојкот


Прокурдската Партија за мир и демократија во Турција донесе одлука да прекине со паралментарниот бојкот в сабота во зависност од исполнување на условите поставени од нив, јавуваат турските медиуми.
В сабота во Турција почнува новата парламентарна година. Бојкотот на курдските пратеници беше закана за плановите на премиерот Реџеп Таип Ердоган за консензус меѓу парламентарните партии за нов устав.
На изборите во јуни беа избрани 36 независни курдски пратеници поддржани од прокурдската Партија за мир и демократија.
XS
SM
MD
LG