Достапни линкови

logo-print

Германија прави уште еден хаос на Балканот


Српскиот претседател Борис Тадиќ и германската канцеларка Ангела Меркел во Белград, 23.08.2011.

Српскиот претседател Борис Тадиќ и германската канцеларка Ангела Меркел во Белград, 23.08.2011.

Германската канцеларка Ангела Меркел доби незаслужена пофалба за бескомпромисната позиција во однос на Косово. Ова го наведува Тед Гален Карпентер, од американскиот Като Институт за одбранбени и надворешно-политички студии во врска со ставовите на Меркел изнесени при нејзината посета на Белград дека Косово нема да биде поделено и оти Србија, ако сака да влезе во Европската унија, најнапред треба да го реши косовското прашање.

Меркеловата строга и тапа позиција која не нуди никаква помош може да ја торпедира секоја шанса за решавање на косовското прашање.

Нејзиниот ултиматум исто така ја подрива најдемократската и најпрозападна влада на Србија на која Европската унија ќе може да смета во догледна иднина.

За жал, не е прв пат германската влада веќе тешката ситуација на Балканот да ја направи уште полоша. Во почетокот на делењето на Југославија, Берлин ја саботираше меѓународната иницијатива што можеше да ја смири бурата во новоформираната Босна и Херцеговина.

Овојпат, германските официјални претставници ги презреа белградските навестувања дека владата е подготвена да ја прифати косовската независност доколу северот на Косово остане во Србија.

Доколку поделбата на Косово ја тргне големата главоболка од балканскиот регион, тогаш по се изгледа таа цена вреди и да се плати, оценува Тед Карпентер, додавајќи дека одбивањето на таквата идеја е дипломатска небрежност.
Американските официјални лица исто така треба да им дадат до знаење на нивните европски колеги дека ако Балканот повторно експлодира поради дипломатските запоставувања раководени од Германија тогаш Европската унија ќе мора целосно сама да се справува со последиците.

Инсистирањето Косово да биде признаено во сегашните арбитрирани граници создава непотребна нестабилност. Во најдобар случај, српската популација ќе биде немирно малцинство. Во најлош случај тоа ќе станат кандидат за етничко чистење, наведува Тед Карпентер, додавајќи дека Ангела Меркел изнесла и загрижувачки преседан во врска со стандардите за влез во Европската унија, а тоа е дека Србија треба најнапред да прифати сецесија на дел од нејзината територија. Таков услов немаше при влезот на поделениот Кипар во Унијата.

Позицијата на Меркел која е поддржана од повеќето во Европската унија ќе го засили впечатокот меѓу Србите дека Западот има поинакви стандарди за нив.

Идеално за Вашингтон би било на политиката на Меркел на Балканот да реагира како збунет набљудувач. Но, благодарение на ненаситната желба за мешање која ја имаше претходната администрација, ние веќе сме заплеткани.

Соединетите Држави имаат мировни сили во Косово. Всушност, персонал на Националната гарда од Тексас во моментов е на пат за Косово во мисија за изградба на нацијата. На американските лидери би требало да им е доста од меѓународната општествено инженерска крстоносна војна на Балканот.

Одговорот на Вашингтон на пристапот на Меркел е предупредување на Берлин за можните штетни последици од тековната политика. Американските официјални лица исто така треба да им дадат до знаење на нивните европски колеги дека ако Балканот повторно експлодира поради дипломатските запоставувања раководени од Германија тогаш Европската унија ќе мора целосно сама да се справува со последиците.

Како прв чекор, Соединетите Држави треба веднаш да ги повлечат сите свои мировни сили од Косово. Пошироката порака до Европјаните треба да биде:

„Не ни размислувајте да го повикате Вашингтон да ви помогне да се извлечете од вашата глупавост, особено не откако ја отфрливте и последната најдобра шанса за мирно и правично решавање на косовскиот проблем“, заклучува Тед Карпентер.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG