Достапни линкови

logo-print

Подобар живот само на хартија


Економските параметри, на хартија, постојано се подобруваат. Во реалноста граѓаните продолжуваат да се жалат на сиромаштија.

Повисока просечна плата, економски раст, благосостојба од едната страна, наспроти високата бројка на невработени и сиромаштијата на другата страна. Која е вистинската социјално-економска состојба на населението во земјата?
Така на некој начин целото богатство се троши на непродуктивни капитални инвестиции кои ги прави владата и тоа е основна причина за осиромашувањето на населението.

Последните податоци на Заводот за статистика покажуваат дека просечната нето-плата за јули изнесувала 20.813 денара, што е за 2,4 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година. Статистика објави и податоци за раст на македонската економија за 5,3 проценти во вториот квартал. Во првиот квартал растот на бруто домашниот производ изнесуваше 5,1 проценти.
x

Од друга страна, пак, бројката на невработени се уште е над 300 илјади луѓе. Висок е процентот и на сиромашни.

Луѓето кои ние ги анкетиравме велат дека некако не ја чуствуваат подобрената економска состојба и дека им се потребни повеќе пари.

„По телевизија слушам дека секој трет гладува. Не секој трет, туку секој втор и тоа е катастрофа.“
Да се вработат луѓето, како што беше во бивша Југославија. Луѓето добиваат инфаркт на 40 години, умираат од немаштија. Срамота е ова.

„Да има за сите, ова нема, некој има многу, а некој малку, некој ич.“

„Да се вработат луѓето, како што беше во бивша Југославија. Луѓето добиваат инфаркт на 40 години, умираат од немаштија. Срамота е ова.“

Граѓаните не можат да ја почувствуваат „благосостојбата“ затоа што е нерамномерно распределена, вели социологот Хисен Јашари.

„Така на некој начин целото богатство се троши на непродуктивни капитални инвестиции кои ги прави владата и тоа е основна причина за осиромашувањето на населението.“

Тој додава дека секоја влада се обидува да прикаже дека работите се добри, дека прави се за населението, дека побогато се живеее во споредба со минатото, но не треба да се прават такви споредби.

„Тие забораваат дека тоа се случило пред 10, 20, 30 години. Значи, споредба не може да се прави со минатото. Времето тече, а другите земји во соседството одат напред и имаат нови квалитети во животот“, вели Јашари.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG