Достапни линкови

Страв од можни немири на геј парадата во Белград


Serbia -- An anti gay protest in Belgrade, 10Oct2010

Serbia -- An anti gay protest in Belgrade, 10Oct2010

Српската полиција и обвинителството со денови ги проверуваат социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и разни други веб страници, на кои трагаат по сите оние што преку интернет им се закануваат на учесниците на геј парадата и повикуваат на организирана пресметка со нив в недела на 2 октомври во Белград.
Весникот „Прес“ пишува дека ширум Србија голем број припадници на радикални организации и навивачки групи се повикуваат на информативни разговори во полициските станици. Проверките на интернет ќе бидат поинтензивни овие денови, а во случај на сериозни закани ќе бидат поднесени и кривични пријави.
XS
SM
MD
LG