Достапни линкови

Баросо - должничката криза е исторски предизвик за ЕУ


Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо во неговиот говор за состојбата на Унијата денеска во Европскиот парламент во Стразбур изјави дека должничката криза е најголемиот прдизвик во историјата на ЕУ. Според Баросо кризата може да се победи доколку Европа се конфронтира со предизвиците и ја врати довербата во еврото и Унијата во целина. Баросо порача дека за таа цел е потребна интегрирана економија и поголема унификација за да се избегне фрагментацијата во блокот. Тој повика на креација на евро обврзници кога еврозоната ќе биде целосно екипирана со инструменти кои ќе обезбедат интеграција и дисциплина Баросо побара нов данок на финансиски трансакции, во обид да се соберат средства за справување со економската криза и да се ублажат потенцијалните ризични трансакции. Предлогот е веќе усвоен од Комисијата но треба да мине и во земјите членки на ЕУ
XS
SM
MD
LG