Достапни линкови

Критики за израелските намери во Источен Ерусалим


САД, ЕУ и ОН ги критикуваа плановите на Израел за изградба на 1100 нови станови во источниот дел на Ерусалим.
За американскиот државен секретар Хилари Клинотн станува збор за контра продуктивен чекор додека еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон денеска изјави дека израелскиот план ги поткопува мировните преговори со Палестинците.
Обединетите Нации го критикуваа планот за нови станови во Ерусалим и изразија загриженост.
Меѓународниот мировен квартет во кој учествуваат САД, ЕУ, ОН, и Русија сметаат дека мировните преговори треба да се рестартираат за еден месец и да се изнајде решение за една година.
XS
SM
MD
LG