Достапни линкови

Владата на Косово го осуди насилството врз КФОР


Судири на граничниот премин Јариње

Судири на граничниот премин Јариње

Косовската влада најостро го осуди насилството на „криминалните структури во близина на преминот Јариње“ врз мировниците на КФОР. Владата ја изразува својата решеност за воспоставување ред и закон и во овој дел на територијата на Косово, за деблокада на патиштата и слобода на движење, се наведува во соопштението. Владата оценува дека насилните реакции што се случија вчера се дело на луѓе кои се идентификуваат со криминалните структури, илегалната трговија и со организираниот криминал.
Косовската влада ги повикува Србите, граѓани на Косово, да не ги поддржуваат насилните поединци и да не останат заложници на криминалните структури, туку да имаат доверба во институциите на Косово.
XS
SM
MD
LG