Достапни линкови

Во Грција усвоен законот за данок на имот


Грчкиот парламент

Грчкиот парламент

Грчкиот парламент синоќа го усвои контроверзниот закон за данок на имот, чија цел е да се зголеми приходот во буџетот на земјата погодена од тешката должничка криза. Воведувањето на овој данок беше најавено неодамна, откако меѓународните инспектори ја одложија ревизијата на грчките реформи. Се очекува инспекторите да се вратат во Атина до крајот на неделава.
Грците со незадоволство ја примија најавата за воведување нов данок, затоа што тој ќе се плаќа преку сметките за електрична енергија, па на оние што ќе одбијат да платат им се заканува исклучување на струјата.
XS
SM
MD
LG