Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат антиромските протести во Бугарија


Бугарија и синоќа, како и претходните три вечери, беше соочена со антиромски протести, поради што во сите поголеми градови во земјата е засилено полициското обезбедување и присуството на жандармеријата, јави МИА. Протестите во Софија, Пловдив, Хасково, Бургас, Варна, се организирани поради убиството на двајца млади во пловдивското село Катуница, за што локалните жители го обвинија ромскиот „барон“ Кирил Рашков, познат како „Цар Киро“. Во Софија полицијата се обиде да ги растера демонстрантите пред Домот на народното собрание, кој е ограден со метална ограда, што предизвика револт кај насобраните.
Бугарската полиција во понеделникот вечерта уапси 105 учесници во протестите.
XS
SM
MD
LG