Достапни линкови

„Крајот на кралот“ во Прага


Самостојниот театарски проект „Крајот на кралот“ на македонскиот режисер Горан Тренчевски ќе биде прикажан на професионалната сцена на театарот „Рубин“ во Прага.

Крајот на кралот е оригинален постомернистички текст од Васе Манчев напишан во духот на театарот на апсурдот во кој преовладуваат манири на арабаловска драматургија, но со низа свежи дијалози и со повеќе духовити драмски ситуации. Тоа е претстава за (де)тронизација на вредностите, за круната, за тронот, за вечната игра горе – долу.
Гостувањето на претставата „Крајот на кралот“ е мошне значаен чекор во соработката не само меѓу македонската и чешката култура туку и во смисла на презентација на нашите свежи, авангардни постановки
Горан Тренчовски, режисер

Оваа камерна претстава на режисерот Горан Тренчовски премиерно беше изведена пред две години во Дојран, потем со успех повеќепати беше играна на амбиентални сцени во Скопје, Крива Паланка, Радовиш, Крушево, а вниманието на стручната критика и на публиката го сврте и на последното издание на фестивалот Ристо Шишков во Струмица. Овој самостоен проект ќе го видат и љубителите на театарската уметност од Република Чешка кои оваа среда ќе се најдат во гледалиштето на прашкиот Рубин во кој своевремено работеле еминентни театарски дејци. Гостувањето е на покана на чешки менаџери, со него ќе биде одбележана и 20 годишнината од македонската независност, а се остварува со подршка на Министерството за култура и Општина Струмица.
Претставата „Крајот на кралот“

„Гостувањето на претставата „Крајот на кралот“ е мошне значаен чекор во соработката не само меѓу македонската и чешката култура туку и во смисла на презентација на нашите свежи, авангардни постановки“, вели режисерот и продуцент Тренчовски.

Улогата на царот Хаиле ја толкува актерот Ванчо Мелев, а негов партнер е Васил Михов кој го отелотворува ликот на принцот Чедо.
Се надевам дека тоа ќе допре до публиката, затоа што претставата не е само вербална туку таа пред се зборува со универзалниот театарски јазик.
Ванчо Мелев, актер
„Со нетрпение очекувам да се претставиме и се надевам дека и публиката заедно со нас ќе ужива во нашата претстава“, забележува Мелев, а Михов, пак, кон ова со додавка дека:

„Се надевам дека тоа ќе допре до публиката, затоа што претставата не е само вербална туку таа пред се зборува со универзалниот театарски јазик.“

Инаку гостувањето во Република Чешка, Тренчовски ќе го искористи и за презентација на независниот кинотеатар Звучни слики, како и на струмичкиот Астерфест како интернационална манифестација која се повеќе си го завзема своето место во редот на значајните и релевантни културни збиднувања во Република Македонија.

„Кинотеатарот ’Звучни слики‘ на некој начин ќе се посветам поинтензивно да истражувам на полето не само на театарот, туку и на филмот и во следниот период ќе биде промовиран овде, а и нормално ова е прилика за Астерфест да ги најде своите чешки партенери, а на повидок се и некои нови размени на искуства.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG