Достапни линкови

Во пресрет на дводневните разговори во Брисел меѓу Приштина и Белград, на граничниот премин Јариње, при вооружен инцидент се повредени цивили и војници.

Четворица војници на КФОР и шестмина локални Срби се повредени во денешните инциденти меѓу силите на КФОР кои се обидуват да ги отстранат барикадите во северниот дел на Косово и локалните Срби кои се противат. Војници на КФОР, од кои еден потешко, биле поврдени од импровизирана експлозивна направа, изјави потпаролот на КФОР. Инцидентот се случил попладнево кога Срби опколиле десетина германски војници и ги нападнале со камења, при што војниците возвратиле со гумени куршуми, соопшти КФОР.
x


Над 1.500 Срби протестирале на преминот Јариње, против отстранувањето на барикадите. Потпаролот на КФОР потврди дека при инцидентот било пукано и од огнено оружје, но лицето што пукало не е идентифукувано.

Српските медиуми, повикувајќи се на лекарски извори, тврдат дека се повредени неколкумина Срби.
Ова сега што се случува е неподносливо и за меѓународната заедница и за Србите во Косово.

Претставници на ЕУЛЕКС ги повикаа граѓаните да се воздржат од насилство и да го почитуваат владеењето на правото.

Портпаролот Ник Наутон изјави дека тоа што се случи е серизен инцидент и оти членови на ЕУЛЕКС биле присутни на настанот, но не се инволвирани во инцидетот .
x

За случувањата во северниот дел на Косово се јави со реакција српскиот претседател Борис Тадиќ, кој денеска изрази загриженост за судирите и влошувањето на безбедноснaта ситуација во северниот дел на Косово и ги повика на воздржаност локалните Срби и претставниците на КФОР. Тој апелираше за смирување на ситуацијата и затоа што, како што вели, дијалогот е единствен начин да се сочува мирот. Во соопштението од кабиентот на Тадиќ е наведно дека меѓународните сили се таму за да се грижат за безбедноста и дека претседателот и нив ги повика на воздржаност.
Разговорите по природа се технички, но кога станува збор за разговори со Србија, речиси се е политика и ни еден технички разговор не може, а да нема политика во него.

За сега на премините е мирно но тензично, јавуват новинските агенции.

Денеска започнаа и дводневните преговори меѓу Приштина и Беград во Брисел. Пред почетокот на преговорите, српскиот министер за Косово изјави дека се надева оти ЕУ и САД ќе го поддржат почетокот на дијалогот за решавање на актуелната криза на северот.

„Ова сега што се случува е неподносливо и за меѓународната заедница и за Србите во Косово. Затоа ние се надеваме дека ќе имаме разговори за премините Јариње и Брњак и блокадите кои од едната и другата страна не ја подобруваат ситуацијата може само да ја влошат ситуацијата.“

Од друга страна косовските пратеници бараат дијалогот во Брисел да се однесува само на техничките прашања и да не се дозволи тој да добие политички карактер.

Пратеникот од владечката демократска партија Џавит Халити вели дека доколку се дозволи главен фокус на разговорите да биде прашањето за државната граница на северот со Србија тоа ќе претставува закана за суверенитетот и интегритетот на земјата.

„Разговорите по природа се технички, но кога станува збор за разговори со Србија, речиси се е политика и ни еден технички разговор не може, а да нема политика во него. Но косовскиот парламент ја одобри контролта на границата на цело косово и владата презема акција со која ние се согласуваме“, вели Халити.

Косовската опозиција бара преговорите меѓу Приштина и Белград во целост да се прекинат.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG