Достапни линкови

logo-print

Иако препораката за преговорите ќе биде повторена, во извештајот од ЕК, Македонија ќе добие најголеми критики досега, очекува ФООМ и Центарот за европско образование.

Македонија ќе добие најголеми критики досега и сепак и препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, по третпат, се наведува во најновиот извештај што го објавија Фондацијата отворено општество и Македонскиот центар за европско образование. Во извештајот стои дека ако поетски треба да се каже каде се наоѓаме денес, веројатно ќе се послужиме со стиховите на Блаже Коневски од Тешкото.
Со ваква состојба на владеење на правото во државата сериозно ја загрозуваме препораката за почеток на преговори

Кварталниот извештај препознава неколку области каде може да забележиме назадување: владеење на правото, полиција, слобода на изразување, јавна администрација и корупција и судство.
Случајот Космос, судењето на Љубе Бошковски, законот за амнестија... сериозно ја загрозуваат препораката за почеток на преговори.

„Области коишто беа забележани од меѓународната заедница се спроведувањето на законот за лустрација, уривањето на Космос, автентичното толкување на законот за амнестија, судењето на Љубе Бошкоски и селективното спроведување на изборното законодавство. Со ваква состојба на владеење на правото во државата сериозно ја загрозуваме препораката за почеток на преговори“, рече на прес-конференцијата, Андреја Стојковски од Фондацијата отворено општество - Македонија.

Една од областите која исто така е спорна, според извештајот е јавната администрација каде се потенцира дека од јануари минатата година до март 2011 вработени се вкупно 1.686 лица.

Различно од последните неколку години ќе биде тоа што првпат ќе имаме негативен извештај во делот на полицијата, рече Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование. Укажувајќи дека констатираат дека МВР го става под знак прашалник досегашниот успех во делот на реформите постигнат со европска помош, таа потести дека ЕУ има вложено околу 33 милиони евра за проекти.

„Отвараме едно прашање за прв пат оваа година: Дали Македонија залудно ги троши европските пари? Затоа што во 2007 година беа потрошени 9,5 милиони евра и сега одеднаш од 2007 во 2011 година викаме залудно вие сте инвестирале во нас.“
Мислам дека ќе биде извештај со кој ние ќе поминеме, ќе добиеме преодна оценка, можеби не највисоката, ама има ситуации кога е битно да поминете. Инаку јас очекувам реален извештај, тоа што сме да ни се прикаже.

Настаните како убиството на Мартин Нешкоски и спектакулараното апсење на Љубе Бошкоски уште повеќе придонесуваат Македонија за првпат да има негативна оценка во делот на полицијата, оцени Димова.

Според извештајот, различно годинава е и тоа што медиумите лани почнале да пишуваат за извештајот на ЕК два месеци пред неговото објавување, а годинава интензитетот на обвјавени прилози е многу намален.

Дел од извештајот содржи и првични впечатоци од работата на новата вицепремиерка Теута Арифи, според кој, фактот дека се решила да се растрча по регионот е позитвен, но се нагласува дека се потребни видливи резултати од тоа. Неодамна Теута Арифи во пресрет на 12-ти октомврин кога треба да биде објавен извештајот на ЕК рече дека очекува реален извештај.

„Мислам дека ќе биде извештај со кој ние ќе поминеме, ќе добиеме преодна оценка, можеби не највисоката, ама има ситуации кога е битно да поминете. Инаку јас очекувам реален извештај, тоа што сме да ни се прикаже.“

Извештајот вклучува и препораки за тоа што треба да се прави по 12-ти октомври. Според нив, владата треба да донесе акциски план, а СЕП да дефинира активности за подобрување на состојбата со медиумите, да го отвори процесот на евроинтегарции и да лобира за ново пристапно партнерство со оглед дека последното датира од ноември 2007 година.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG