Достапни линкови

БиХ со ригорозни мерки против лажните азиланти


БиХ денеска соопшти дека ќе преземе чекори за да се справи со своите граѓани кои ја злоупотребуваат визната либерализација. Босанскиот министер за безбедност Садик Ахметовиќ изјави дека ќе бидат преземени ригорозни мерки за сите што го злоупотребиле безвизниот режим во Шенген зоната. БиХ доби визна либерализација во декември минатата година, но ЕУ воведе мониторинг систем и најави дека ќе ја суспендира таа бенефиција доколку се зголеми бројт на луѓе кои го прекшуваат безвиниот режим и барат азил во европските земји.
XS
SM
MD
LG