Достапни линкови

Тимошенко се враќа во судницата


Судењето на поранешната премиерка Јулија Тимошенко по двенеделна пауза продолжува денеска во Киев. Лидерката на опозицијата Тимошенко е обвинета за злоупотреба на служвена должност за договорот потпишан со Русија во 2009 та година за снабдување со гас. Таа се соочува со 10 години затвор доколку судот ја прогласи за виновна. Тимошенко ги отфрли обвинувањата и тврди дека е неправедно обвинета а од нејзните политички опоненти. ЕУ и САД ја предупредија Украина да не спроведува политички прогони и сугерираа да се отфрли случајот против Тимошенко.
XS
SM
MD
LG