Достапни линкови

ЕУ нема да назначи нов амбасадор во Македонија до извештајот


Новиот амбасадор на Европската унија во Македонија нема да биде познат пред објавувањето на годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Ова за Дојче Веле го изјави портпаролката еврокомесарот за надворешна политика Кетрин Ештон, Маја Коцијанчич. Таа додаде дека процедурата е во тек и дека комуникацијата на делагцијата со властите во Скопје не е прекината. Последниот евроамбасадор во Скопје Петер Соренсен беше само неколку месеци на на функцијата во Македонија , по што беше испратен на дипломатска мисија во Сараево.
XS
SM
MD
LG