Достапни линкови

Романија ќе си ги повлече војниците од Косово


Преминот Брњак

Преминот Брњак

Романскиот врховен одбранбен Совет соопшти дека планира да ги повлече своите војници од мисијата на КФОР во Косово. Во соопштението е наведено дека до декември годинава 179 војници ќе се вратат во Романија. Во продолжение се вели дека деталите за повлекувањето ќе бидат договорени со европските партнери. Романија одбива да ја призна независноста на Косово , тврдејќи дека таквиот потег ќе го охрабри и другите сепаратустички движења во регионот.
XS
SM
MD
LG