Достапни линкови

logo-print

Домашните бизнисмени апелираат на изградба на пруга кон Бугарија и Албанија и спроведување на гасификацијата, со што македонските производи би станале поконкурентни на странските пазари.

Пруга кон Бугарија и кон Албанија и гасификација што поскоро, бараат домашните бизнисмени и познавачи со кои разговаравме. Инвестирањето во патна и железничка инфраструктура ќе ги направи македонските производи значително поконкурентни на странските пазари и ќе му помогне на македонскиот бизнис, потенцираат тие.
Побитно е според мене да се поврзе Скопје, Македонија со Албанија, побрза е комуникацијата со морскиот транспорт, иако исто така е важно да имаме и према Бугарија.

Директорот на најголемиот македонски извозник, Макстил, Александар Панов, вели дека солунското пристаниште засега е најдобриот избор за македонскиот бизнис, но за во иднина мора да се бараат и други алтернативи. Тој сугерира, што е можно побрзо Македонија железнички да се поврзе со Албанија и со Бугарија, односно што поскоро да се доврши Коридорот 8.
Границата со Грција често е затворена поради штрајкови.
x
Границата кон Грција често е затворена поради штрајкови.

„Дистанцата Солун-Скопје, Скопје-Драч, практично тука некаде е километражата. Побитно е според мене да се поврзе Скопје, Македонија со Албанија, побрза е комуникацијата со морскиот транспорт, иако исто така е важно да имаме и према Бугарија, но во секој случај поврзувањето Црно Море-Јадранско Море е исклучително важно за Македонија.“

Македонија е релативно-добро инфраструктурно поврзана на реалција север-југ, но патните и железничките врски на релација исток-запад, односно кон Бугарија и кон Албанија се многу лоши.
Имајќи ја во предвид неможноста да се снабдуваме од регионалниот и европскиот пазар за енергетика, на пример за гас, ние денеска локално плаќаме цена на чинење на гас 20-25% поскапа цена во импутот, што значи нашите производи директно се 25% поскапи и со тоа не се конкурентни на европскиот пазар.

Коридорот 10, односно трасата север-југ, од разни причини, не функционира околу 90 дена годишно. Ако се инвестира во Коридорот 8, што ќе биде алтернатива на Коридорот 10, многу ќе се олесни и поефтини и увозот и извозот. Бизнисот многу зависи и од рокот на испорака на производот, а ако има застој на коридорот 10, ние не можеме да ги испочитуваме роковите, објаснува Панов.

„Ако настанува проблем во Солун, ние имаме домино ефект низ цел Коридор 10, значи не се примаат вагоните во кои главно се пренесува нашиот производ, и во тој случај слепо црево станува Ниш, Белград, и тука настанува хаос и да сакаш да го смениш патот, начинот на транспорт до Европа, до Италија, да одиме со воз, практично многу тешко во таква една состојба можеш да го истуркаш тој воз преку Србија.“

Поранешниот министер за транспорт и врски, професор Абдулменаф Беџети вели дека под инфраструктура не се подразбираат само патишта и железници. Македонија мора да инвестира во енергетска инфраструктура, дециден е тој.

„Имајќи ја предвид неможноста да се снабдуваме од регионалниот и европскиот пазар за енергетика, на пример за гас, ние денеска локално плаќаме цена на чинење на гас 20-25% поскапа цена во импутот, што значи нашите производи директно се 25% поскапи и со тоа не се конкурентни на европскиот пазар. Ова е само еден конкретен пример.“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот Манифест вети дека ќе го доврши Коридорот 10 до 2018 година. Догодина треба да почне изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица во должина од 28 километри. Проектот предвидува изградба на 6 мостови и 2 тунели и ќе чини 270 милиони евра.

Според владејачката партија, најдоцна до 2018 година, магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, што води кон Бугарија, ќе прерасне во автопат.

Владејачката партија ветува дека за две години ќе заврши ремонтот на 54 километри пруга од Коридорот 10, како и дека догодина ќе почне да ја доградува пругата кон Бугарија, која треба да биде готова до 2020 година. За две години, според власта, треба да почне изградбата на пруга од Кичево кон Албанија, што треба да заврши истата 2020 година.

До 2014 година, пак, пруга треба да стигне до Индустриската зона Жабени во Битола, а до 2016 железница треба да добие и Кавадарци.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG