Достапни линкови

logo-print

КФОР ги отстранува барикадите во северно Косово, но никнуваат нови


Силите на КФОР во текот на изминатата ноќ и изутрината растуриле неколку барикади во северниот дел на Косово, но локалните Срби поставувале нови. Според српските медиуми, војниците на НАТО со булдожери ги отстранувале барикадите, а некаде употребувале и солзавец. Поради барикадите се блокирани граничните премини Брњак и Јариње, но и приодите кон блиската база на КФОР. Агенциите јавуваат дека во северниот дел на Косово растат тензиите меѓу локалните срби и војниците на КФОР.
XS
SM
MD
LG