Достапни линкови

Косово-КФОР руши барикади, Србите градат нови


Војници на КФОР во близина на Јариње

Војници на КФОР во близина на Јариње

КФОР вчера по 18 часот започнале акција за отстранување на барикадата на патот што води кон преминот Јариње, по што локалните Срби на речиси истото место почнале да поставуваат нова препрека. Србите почнале да поставуваат нова барикада пред бодликавата жица која претходно ја поставиле војниците на КФОР.
Доцна синоќа војниците на КФОР се повлекле од остранувањето на втората барикада на патот кон Јариње,јавува српската новинска агенција БЕТА . Според нив КФОР се повлекол од барикадите и ја повлекол и својата механизација.
Настаните се случија во пресрет на денешниот состанок меѓу Приштина и Белград кој се одржува во Брисел.
XS
SM
MD
LG