Достапни линкови

Советот за безбедност не брза со одлуката за Палестина


Палестинскиот лидер Махмуд Абас

Палестинскиот лидер Махмуд Абас

Советот за безбедност на ОН,синоќа зад затворени врати, дискутираше за палестинското барање за полноправно членство во ОН. Но дипломатски извори велат дека нема да се брза со донесување било какви одлуки.
Палестинскиот лидер Махмуд Абас во петокот во седиштето на ОН формално побара од ОН да се признае Палестина како полноправна членка.
Квартетот на блискоисточните мировни преговарачи, составен од САД, Русија, Европската унија и ОН, ги повика Израелците и Палестинците набрзо да ги продолжат разговорите за постигнување на конечен мировен договор.
Но Абас, повтори дека разговорите нема да продолжат се додека Израел целосно не запре со изградбите на населби на Западниот Брег. За Израел тоа е неприфатлив услов.
XS
SM
MD
LG