Достапни линкови

logo-print

Командантот на силите на НАТО во Европа, во посета на Турција


Командантот на силите на НАТО во Европа, Џејмс Ставридис

Командантот на силите на НАТО во Европа, Џејмс Ставридис

Командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот адмирал Џејмс Ставридис, пристигна во Турција. Неговата посета на земјата се должи на одлуката, во Турција да биде поставен предупредувачки радар, како дел од одбранбениот систем на Алијансата.Предвидено е радарот да биде поставен во воена база во близина на Малатја во југоисточниот дел од земјата.
Ставридис денеска треба да се сретне со турските власти.
Турција е членка на НАТО од 1952 година. Турските власти соопштуваат дека ракетниот систем нема да биде насочен кон одредена земја,туку е само за одбрана на НАТО.
XS
SM
MD
LG