Достапни линкови

Тачи: Во Северно Косово ќе се отвори суд


Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска најави отворање на суд во Косовска Митровица, како следен чекор за воспоставување на контрола во северниот дел на Косово. Тој изјави дека во северниот дел наскоро ќе почне да се воспоставува владеење на правото. Тачи додаде дека во тој дел од земјата постои група луѓе кои постојано ги кршат законите и Уставот на Косово и се против планот на Марти Ахтисари.Тачи истакна дека тие луѓе ќе одговараат пред законот.
XS
SM
MD
LG