Достапни линкови

Одлевање на странскиот капитал


Според податоци на Народната банка, во јуни годинава од Македонија се одлеале 21 милион евра.

Според податоци на Народната банка, во јуни годинава од Македонија се одлеале 21 милион евра.

Крајно загрижувачки и лош сигнал за домашната економија претставува одлевањето на странски капитал од Македонија, сметаат експертите.

Веста за одлевање на странски капитал од Македонија, за економските експерти е крајно загрижувачка и лош сигнал за економијата.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека овој факт може негативно да се одрази на економскиот раст во државата.
Причината за ваквиот потег на странските инвеститори се должи на недовербата на инвеститорите во стабилноста на земјата, вели Хајредини.
Проблемот не е нималку наивен, значи дека тие немаат доверба за стабилноста на државата во иднина, крајно загрижувачки феномен е тоа, во време кога владата се обидува да докаже дека станува потенцијална дестинација за прилив на странски директни инвестции.

„Значи проблемот не е нималку наивен, значи дека тие немаат доверба за стабилноста на државата во иднина, крајно загрижувачки феномен е тоа, во време кога владата се обидува да докаже дека станува потенцијална дестинација за прилив на странски директни инвестции, ние и постојните инвеститори што ги имаме тука ја губат довербата за стабилноста на Македонија во иднина.“

Кога добивката на странските компании тука би се реинвестирала, би пораснал брутодомашниот производ, а тоа пак ќе значи поголем економски раст, објаснува економскиот аналитичар Шенај Хаџимустафа.
Слободната економска зона Бунарџик.
x
Слободната економска зона Бунарџик

Сепак, таа укажува на важноста од познавање на структурата на компаниите кои во последниве месеци го одлеале својот капитал надвор од државата.

„Ако знаеме дека значаен дел од инвеститорите во нашата земја се грчки компании, а знаеме во каква состојба се моментално грчките компании во својата земја, можеби истите тие ја искористуваат Македонија како начин за да ги покриваат загубите кои ги остваруваат во својата земја.“
Значаен дел од инвеститорите во нашата земја се грчки компании, а знаеме во каква состојба се моментално грчките компании во својата земја, можеби истите тие ја искористуваат Македонија како начин за да ги покриваат загубите кои ги остваруваат во својата земја.
Поделбата на самата бизнис заедница од друга страна и нееднаквиот третман на фирмите може исто така да биде причината поради која странските фирми го изнесуваат остварениот профит надвор од земјата, укажува Хаџимустафа.

„Не еднаквиот третман на бизнис заедницата е на некој начин лош сигнал да тие истите бараат излез во вложување во други земји каде што би имале поволен третман за парите кои ги инвестираат.“

Според Хајредини, лошата бизнис клима во земјава и тешките услови за правење профит во Македонија се дополнителен мотив странските компании да не ја реинвестираат својата добивка тука, иако Владата ги ослободи од оданочување ако тоа се случи. Експертите апелираат до Владата да се бара излез во привлекување на што повеќе странски инвеститори во земјата.

Според последните податоци на Народната банка, во јуни годинава од Македонија се одлеале 21 милион евра.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG