Достапни линкови

Еврозоната размислува за поголем спaсувачки пакет


Eврокомесарот за финансии Оли Рен

Eврокомесарот за финансии Оли Рен

Во еврозоната се прават планови за зголемување на фондот за помош. Ова го наведува еврокомесарот за финансии Оли Рен во германскиот весник Ди Велт. Во јули еврозоната се согласи капацитетот на фондот да изнесува околу 440 милијарди евра. Според некои наводи, тој би можело да се зголеми на повеќе од 2 трилиона евра. Инвеститорите засега не се импресионирани од брзината со која политичарите се справуваат со должничката криза. Како резултат на тоа главните светски берзи на денешното отворање забележаа падови.
XS
SM
MD
LG