Достапни линкови

logo-print

Убиен американски граѓанин во Кабул


Кабул

Кабул

Американската амбасада во Кабул соопшти дека авганистанец кој бил вработен во амбасадата убил еден американски граѓанин, а друг ранил. Престрелката во која бил убиен и напаѓачот се случила во дел од комплексот на амбасадата кој го користел ЦИА. Се уште се испитуваат мотивите за инцидентот. До овој напад дојде само на две недели откако милитанти со гранати и автоматско оружје ги нападнаа американската амбасада и штабот на НАТО во Кабул.
XS
SM
MD
LG