Достапни линкови

Косовец признал дека бил поврзан со џихад


Косовскиот Албанец Агрон Хасбајрами уапсен на аеродромот „Кенеди,, во Њујорк признал дека бил поврзан со џихад и оти планирал да се придружи на една терористичка група. 27 годишниот Хасбајрами кој живее во Њујорк, пред судот изјавил дека е дел од радикалните групи и оти дал повеќе од илјада долари за поддршка на активностите на една исламистичка радикална група. Тој беше уапсен ден пред одбележувањето на десет годишнината од нападите во САД, а бил отркиен од пораките испратени по мејл во која пишувал дека негова желба била да загине како херој. Нему му се заканува казна затвор од 15 години.
XS
SM
MD
LG