Достапни линкови

Најавен нов 24-часовен штрајк во јавниот транспорт во Атина


Вработените во јавниот транспорт во Атина ќе одржат нов 24-часовен штрајк, поради што жителите на главниот град на Грција ќе мора пеш да одат кон и од работните места, јавија грчките медиуми.
Вработените во атинскиот јавен транспорт штрајкуваат веќе неколку дена незадоволни од владините мерки за штедење, со кои меѓу останатото се превидува намалување на платите и отпуштање на работници од државната администрација и јавните претпријатија.
XS
SM
MD
LG