Достапни линкови

Русија воспостави дипломатски односи со Тувалу


Тувалу

Тувалу

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија воспоставила дипломатски односи со Тувалу. Тувалу е мала држава која има нешто повеќе од 12 илјади жители и се протега меѓу водите на Хаити и Австралија. Тувалу минатата недела ги призна отцепените грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија како независни држави. Руските медиуми јавуваат дека Лавров се сретнал со премирот на Тувалу на маргините на Генералното Собрание на Обединетите Нации каде што разговарале за договорот.
XS
SM
MD
LG