Достапни линкови

Авганистан и Пакистан ги заоструваат односите со закани за напади


Авганистанското министерство за одбрана го обвини Пакистан дека неколку пати отворил артилериски оган кон авганистанската територија од 21 септември при што загинале неколку Авганистанци а стотици луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.Министертво соопшти дека доколку не престанат нападите Авганистан е подготвен да возврати. Гувернерот на источната авганистанска провинција Кунар соопшти дека над 500 ракети од пакистанскате теритојрија биле испукани при што уништени 6 куќи, две џамии и 100 луѓе ги напуштиле домовите. Пакистанската војска соопшти дека имало судири меѓу пакистанските безбедносни сили и авганистански милитанти, но негира дека испукала ракети кон авганистанската територија.
XS
SM
MD
LG