Достапни линкови

logo-print

Уапсени 127 луѓе за вандализам во Бугарија


Бугарската полиција денеска соопшти дека уапсила 127 лица под сомнение дека учествувале во ограбување и уништување на имотот на таканречениот „ромскиот цар“ Кирил Рашков,еден од најбогатите Роми во Бугарија. Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти деа во уништувањето на имотот на Рашков, синоќа учествувале околу 200 фудбалски навивачи. Против приведените ќе бидат покренати обвиненија за вандализам, хулиганство и потпалување и уништување на туѓ имот.
Инцидентот беше инциран по несреќата во петокот кога автобус со кој патувале членови на семејството на Рашков, прегазил 19-годишно момче, а потоа удрил во уште тројца полицајци и двајца пријатели на прегазениот.
XS
SM
MD
LG