Достапни линкови

logo-print

Жените во Саудиска Арабија добија право на глас


Саудискиот крал Абдула денеска најави дека жените ќе добијат право на глас и да се кандидираат на локални избори. Тој додаде дека дека жените во Саудиска Арабија ќе добијат и право да се вклучат како рамноправни членови во консулативниот Совет од следниот мандат. Тој во својот говор пред Советот изјави дека одбива да ги маргинализира правата и улогата на жените во општеството според шеријатското право.
Активистите за човекови права во земјата долго време повикуваа да им се дадат повеќе права на жените.
На жените во Саудиска Арабија им е забрането да патуваат , работат или да им се направи медициска операција ако за тоа немаат довола од близок машки роднина.
XS
SM
MD
LG