Достапни линкови

Повторно протести во Атина


Вработените во јавниот транспорт во Атина утре ќе одржат нов 24-часовен штрајк јавуваат грчките медиуми.
Вработените во атинскиот јавен транспорт штрајкуваат веќе неколку дена незадоволни од владините мерки за штедење, со кои меѓу останатото се превидува намалување на платите и отпуштање на работници од државната администрација и јавните претпријатија.
Поради штрајкот утре во Атина воопшто нема да работат метрото и трамваите, автобусите на градскиот превоз ќе сообраќаат делумно.
За во вторник веќе е најавен почеток на 48-часовен штрајк на атинските таксисти
XS
SM
MD
LG