Достапни линкови

logo-print

Уште еден напад на курдските бунтовници врз турска воена база


Најмалку 5 турски војници загинале, а 10 се ранети при напад на курдски бунтовници во воената база во југоисточниот дел на Турција. При нападот загинале и тројца бунтовници јавуваат турските медиуми. Милитантите поставиле мини покрај воената база и отвориле оган на хеликоптерите кои ги превезувале војниците во регионот. Курдските бунтовници во јули ги интезивираа своите напади при што загинаа десетици војници.
XS
SM
MD
LG