Достапни линкови

Либерман повторно се заканува за палестинското барање


Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман изјави денеска дека ќе има „тешки последици “ доколку Обединетите Нации го одобрат либискиот предлог за државност. Либерман во интервју за израелско радио изјави дека каква и да е позитивна рекација за Палестинците на Генералното Собрание или Советот за безбедност ќе предизвикаат израелска реакција но не наведувајќи каква.
Во меѓувреме дипломати од Египет и Шпанија вчера го искористиле своето право на говор во Генералното Собрание за да изразат поддршка за палестинското барање.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас во петокот побара полноправно членство во Обединетите Нации.Советот за безбедност в понеделник ќе се состане да разговара за палестинското барање.
XS
SM
MD
LG