Достапни линкови

Експлозии во светиот шиитски град Карбала


Неколку експлозии одекнале во ирачкиот свет град Карбала, при што најмалку 9 луѓе загинале а речиси стотици луѓе се ранети.Новинските агенции јавуваат дека една од експлозиите се случила пред зградата на владата додека за другите полицијата се уште не ги соопштила деталите. Засега никој не презема одговорност за експлозиите. Карбала се смета за свет шиитски град кој се наоѓа на 80 километри од Багдад и често е цел на сунитски муслимански исламисти.
XS
SM
MD
LG