Достапни линкови

Кудрин нема да биде министер во владата на Медведев


Рускиот долгогодишен министер за финасии Алексеј Кудрин изјави дека нема да биде дел од новата влада поради несогласувањата со сегашниот претседател Дмитри Медведeв кој ќе биде носител на листа на престојниве паралементарни избори.
Тој во Вашингтон изјави дека не се согласува со ставот на Медведев да троши буџетски пари за оружје за кои Кудрин вели дека создава ризик за финансиската состојба во земјата. Кудрин е министер за финансии од 2000 година и за време на економската криза беше еден од малкумината кои брзо смислија статегија за да ги намалат последиците.
Неговите забелешки следуваат по вчерашното официјално соопштување на кандидатите на владеачката партија за престојните избори во Русија.
Путин и Медведев и официјално си ги сменија улогите. На престојните парламентарни избори во декември носител на изборната листа ќе биде Медведев а на претседателските избори во март ќе се кандидира Путин.
XS
SM
MD
LG