Достапни линкови

Опонентите на Салех сметаат дека јеменскиот лидер ја носи земјата во граѓанска војна


Генерал- мајор Али Мохсен ал Ахамар

Генерал- мајор Али Мохсен ал Ахамар

Главниот воен ривал на јеменскиот претседател Али Абдула Салех, генерал- мајор Али Мохсен ал Ахамар денеска ја повика меѓународната заедница да се справи со него и да не дозволи да ја внесе земјата во граѓанска војна. Тој го нарече Салех „болна душа“ споредувајќи го со римскиот император Нерон кој со враќањето во земјата го догорува својот град. Поддржувачите на Салех денеска спроведоа жестоки напади врз демонстрантите во градот Сана при што загинаа најмалку 40 луѓе. Салех вчера се врати во Јемен по неколкумесечното лекување во Саудиска Арабија по обидот за атенатат. Ахмар кој до неодамна командуваше со воената дивизија се приклучи на бунтовниците против режимот
XS
SM
MD
LG